Концерт на Калиопи
По серијата успешни концерти низ регионот, а на покана од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, македонската музичка ѕвезда Калиопи приреди вистинско музичко доживување за велешката публика.
Концертот се одржа на 26 ноември 2022 година, на големата сцена „Петре Прличко“, каде присутните уживаа во незаборавна вечер исполнета со емоции и препознатливи музички изведби. Со силна сценска енергија и топол контакт со публиката, Калиопи уште еднаш ја потврди својата извонредна уметничка харизма.
Настанот помина во одлична атмосфера и претставуваше уште еден значаен културен момент во програмата на Народниот театар „Џинот“.
Подолу можете да ја проследите изведбата во живо на песната „Тешко ми е, тешко“, снимена за време на концертот на Калиопи во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
Многу силна и психолошки тешка претстава.
Gledala sam predstavu u Splitu i bilo je fantastično! Glumci su sjajni i uživala sam u svakoj minuti.
Смеа од почеток до крај.
Безвременска сатира, одлично изведена.
Многу емоции и одлична атмосфера.
Секоја чест за Исидор! Апсолутно заслужена награда – неговата игра е извонредна и инспиративна.
Држи тензија до самиот крај.
Многу емотивна и моќна.
Модерна и поинаква интерпретација.
Тивка, но многу силна драма.