Сандра Танчева

Сандра Танчева

Родена: 26.11.1998, Велес
Професија: македонска театарска и филмска глумица.

Основното и средното образование ги завршува во родниот град. Во академската 2017/2018 година се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што студира глума. Во моментот е студент на втора година во класата на редовен професор д-р Сузана Киранџиска, со асистент м-р Кристина Леловац. Со глума се занимава од својата 10-годишна возраст, започнувајќи на аматерско ниво, при што рано го покажува својот талент и интерес за сценската уметност.

Театрографија

ГодинаПретставаУлога
2023Лепа АнгелинаСтарица
2024Вечера за глупациКристина
2025МајкаЕлоди
2025Госпоѓа МинистеркаАнкица
2025ГалебНина Михајловна Заречна
2025Не можеме да платиме, нема да платимеМаргарита

Театарски достигнувања

Има освоено три награди на државни рецитаторски натпревари. Во учебната 2013/2014 година, во рамките на 36. Државен натпревар по македонски јазик и литература, го освојува првото место. Во 2016/2017 година, на истиот натпревар, го освојува третото место. Во учебната 2017/2018 година, на државниот рецитаторски натпревар „Рацинови средби“, го освојува првото место. Во 2016/2017 година, на фестивал во Требиње, Србија/БиХ, добива диплома за најдобар актер/актерка за улогата на Жана во претставата „Дома“. Активно учествува на бројни поетски читања, каде што се истакнува со својата сценска интерпретација и актерска изразност.

Сандра Танчева во театарот „Џинот“