Голема Чест
Актерот Благојчо Стојанов, член на ансамблот на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес, е добитник на наградата за најдобра машка споредна улога на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово!
Престижното признание му е доделено за неговото маестрално толкување на ликот Перо Циа Администрација во претставата „Госпоѓа министерка“, во режија на Синиша Евтимов.
Благојчо Стојанов како Перо Циа Администрација – карикатура на класичниот бирократски службеник, со неговите комични навики, формалности и непроменливи процедури. Со извонредна актерска игра, Благојчо го прави Перо Циа и смешен и симпатичен, откривајќи ја абсурдноста на администрацијата и нејзините пародични моменти. Ликот е централна точка за комичните сцени во претставата и придонесува за динамиката и духот на продукцијата на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ – Велес.
Честитки, Благојчо! Горди сме на твојот успех и на уште една потврда за квалитетот на нашиот театарски ансамбл!
Изведбата на „Калигула“ беше дел од богата и разновидна програма на ИФАД „Стоби“, кој и оваа година собра театарски остварувања од домашни и интернационални сцени. Фестивалот ја нагласува важноста на античката драма како живо културно наследство, но и како платформа за современи интерпретации. Со своите изведби, учесниците ја збогатуваат културната сцена и поттикнуваат дијалог меѓу генерации и култури.
Многу силна и психолошки тешка претстава.
Gledala sam predstavu u Splitu i bilo je fantastično! Glumci su sjajni i uživala sam u svakoj minuti.
Смеа од почеток до крај.
Безвременска сатира, одлично изведена.
Многу емоции и одлична атмосфера.
Секоја чест за Исидор! Апсолутно заслужена награда – неговата игра е извонредна и инспиративна.
Држи тензија до самиот крај.
Многу емотивна и моќна.
Модерна и поинаква интерпретација.
Тивка, но многу силна драма.