
ТЕАТАРОТ ВО ФОКУС
Националната Институција Центар за култура „Јордан Х.К-Џинот“, Велес е една од најстарите и водечки театарски институции во Северна Македонија, основана во 1948 година. Театарот го носи името на неговиот патрон Јордан Хаџи Константинов Џинот – првиот македонски драмски писател и основач на македонскиот театар. Театарот има долга и богата историја од 70 години продукција. Сите од водечките македонски театарски уметници ги започнале своите кариери токму на сцената на овој театар.
Жарко Спасовски – Директор
Спасовски е дипломец на Факултет за драмски уметности Скопје, во 2013 година, во класата на професор Владимир Милчин. Професионалниот ангажман токму во велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ му започнува истата година, веднаш по дипломирањето. Актерот Спасовски досега играл во околу 40 претстави на матичниот театар а има ангажмани и во други театри низ Македонија.
Жарко Спасовски за нов директор на велешки Театар е именуван од министерот Зоран Љутков на 15 август 2024.
Во изминатите четири години функцијата директор на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја извршуваше драматургот Сашо Димоски.
Актери

Сандра Танчева

Кире Ацевски

Зорица Панчиќ

Васил Зафирчев



