Зорица Панчиќ

Зорица Панчиќ

Родена: 11 август 1972, Скопје
Професија: театарска, филмска и телевизиска актерка

Зорица Панчиќ е театарска, филмска и телевизиска актерка. Дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1994 година. Професионалната кариера ја започнала уште за време на студиите преку Академската театарска лабораторија, а настапувала во театрите во Куманово, Штип и Велес. Покрај театарската сцена, активно учествувала во филмски, телевизиски проекти, ТВ реклами и синхронизација на цртани филмови на македонски и српски јазик.

Филмографија

ГодинаНасловУлога
2006МостБлагуна
2007Досие-КСнеже
2011Трето па машкоМаја
2013ТврдикорниМарија
2022РучекВиолинистка

Театарски достигнувања

Настапувала во бројни претстави во Куманово, Штип и Велес. Добитничка е на наградата „Војдан Чернодрински“ за улогата Мартирио во „Во домот на Бернарда Алба“.

Награда и признанија добила за претставите „Птици“ и „Театар љубов моја“ (2017), како и „Орестија“ во Стоби.

Зорица Панчиќ во театарот „Џинот“